Софија Лорен сè уште умее да ги привлече погледите. 78-годишната актерка блесна на промовирањето на календарот на „Pirelli“ 2013 во Рио де Жанеиро.
Грациозната Италијанка носеше долга вечерна тоалета која на одличен начин го акцентира нејзиното одржано тело.
На манифестацијата присуствуваа многу млади модели кои беа фотографирани за новиот календар. Меѓу нив беше и Изабели Фонтана, која позираше рамо до рамо со Лорен.
Наскоро треба да биде објавен целиот календар со прекрасните уметнички фотографии на Стив МекКари. Како и секоја година, календарот нема да оди во продажба, туку ќе биде испечатен во ограничен број примероци кои ќе им бидат подарени на најлојалните клиенти на „Pirelli“ и други VIP личности.
Ѕирнете во календарот преку видеото од фотосесиите во Бразил, направени со Адријана Лима, Карли Клос, Изабели Фонтана, Соња Брага и уште неколку убави и хумани дами.