Софија Лорен беше една од гостинките на отворањето на музејот на Академијата за филмски уметности и науки.
На зелениот тепих во Лос Анџелес, 87-годишната филмска икона беше фотографирана додека им испраќаше бакнеж на долгогодишните фанови. Таа изгледаше гламурозно во златна креација.
Легендарната актерка доби специјално признание за нејзината долгогодишна кариера.
Софија беше придружувана од синот Едоардо Понти, неговата сопруга Саша, нивната ќерка Лусија, како и од Роберта Армани.
Софија ја започна филмската кариера во 1951 година и веднаш го освои светот со својата убавина. Таа беше сметана за една од најубавите жени на светот. Во 1961 година, Лорен доби оскар за Најдобра актерка за улогата во филмот „Two Women“.