Календарот на „Пирели“ со години наназад разголуваше атрактивни дами, фокусирајќи се само на нивниот сексапил, но последните изданија покажуваат голема промена.
Успешни жени кои освојуваат од филмското платно се ѕвезди во календарот за 2017 година. Кејт Винслет, Пенелопе Круз, Ума Турман, Никол Кидман, Алисија Викандер, Џулиен Мур, Робин Рајт, Хелен Мирен, Руни Мара, Џесика Частеин, Лупита Нионго, Леа Сејду, Шарлота Рамплинг, Џанг Цији и руската професорка Анастасија Игнатова.
Угледниот фотограф Петер Линдберг ги фотографираше познатите дами на пет локации. Засега се објавени само фотографии од „зад сцената“.