Софија Вергара и Рис Витерспун се на промотивна турнеја во Мексико. Атрактивното дуо блесна во црвено на премиерата на филмот „Hot Pursuit“.
Двете актерки со широки насмевки позираа пред фоторепортерите.
42-годишната Вергара носеше тесен фустан од Аманда Вејкли, додека 39-годишната Витерспун заведуваше во асиметричен фустан со висок шлиц од Сен Лоран и обувки од Кристијан Лобутин.
„Hot Pursuit“ наиде на многу негативни коментари од филмските критичари, па познатите актерки се обидуваат да привлечат поголема публика кон кино-салите.