Мундијалското финале го постави Бразил во центарот на вниманието на светската јавност. Мечот помеѓу Германија и Аргентина будно го следеа стотици милиони луѓе од целиот свет, а на трибините меѓу најсреќните и најстрасни навивачи се најдоа повеќе модели, поп-ѕвезди и актери.
На значајниот спортски настан присуствуваа Жизел Бундхен со сопругот Том Брејди, Дејвид Бекам со трите сина, Ријана, Адријана Лима, Алесандра Амбросио, Џерард Батлер, Шакира со Пике и малиот Милан, Ештон Кучер...
Финалниот натпревар не го пропушти ниту германската канцеларка Ангела Меркел, која славеше со големите победници.