Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Скарлет Јохансон е сериозна дама за Vanity Fair Франција

ФОТО: Скарлет Јохансон е сериозна дама за Vanity Fair Франција

Скарлет Јохансон го краси првото издание на Vanity Fair Франција. Списанието се обидува да ја освои француската публика со привлечната актерка која голем дел од своето време го минува во градот на светлината.

„Таа ги поседува сите квалитети кои можете да си ги замислите – елеганција, убавина, остроумност и дрскост, кои ќе ја направат совршена Парижанка ако таа одлучи да се пресели перманентно во станот кој го купи во Париз“ – изјавил едиторијалниот директор на Vanity Fair.

На фотографиите за едиторијалот „Une Américaine À Paris“ (Американка во Париз), Јохансон носи креации и модни додатоци од брендови како Диор, Мајкл Корс, Гучи, Том Форд и Баленсијага.

Скарлет Јохансон Скарлет Јохансон Скарлет Јохансон Скарлет Јохансон Скарлет Јохансон Скарлет Јохансон Скарлет Јохансон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19081 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.