Силвестер Сталоне со своето семејство деновиве ужива во Франција.
69-годишниот актер беше фотографиран со сопругата Џенифер Флавин и ќерките Софија, Скарлет и Систин додека се релаксираше на Азурниот брег.

Сличноста помеѓу поранешниот модел Џенифер и ќерката Систин поттикна бројни коментари. 17-годишната девојка ги следи стапките на својата 46-годишна мајка и започнува да гради кариера во модната индустрија.




















Филмската ѕвезда со семејството обиколи неколку туристички локации во Монако и Италија.
За време на престојот во Франција, славното семејство присуствуваше и на хуманитарната гала-вечера во Сен Тропе, организирана од Леонардо Дикаприо.

Пред да се упатат на свеченоста, тие беа „уловени“ од папараците додека се фотографираа на јахта.


