Џенифер Лопез привлекува погледи кон насловната страница на октомвриското издание на „Elle“ UK.
45-годишната актерка и пејачка на корицата позира сензуално во црна креација на Версаче од колекцијата есен/зима 2014.
Во интервју за списанието, Лопез признала дека верува во љубов, иако досега го нема сретнато вистинскиот. „Сите албуми кои ги имам снимено се за љубовта... Сѐ уште верувам во љубов“ – рекла таа.
Изминатиов викенд Џенифер со своите две деца беше фотографирана во Хемптонс, Њујорк.