Моника Белучи зрачи со сензуалност на фотографиите од новиот едиторијал за шпанското списание „Woman Madame Figaro“.
Привлечната Италијанка позираше во креации од Долче и Габана кои ги потенцираат нејзините женствени облини.
49-годишната актерка со изборот на облека за фотосесијата уште еднаш ја покажа својата љубов и посветеност кон модните дела на Долче и Габана, кои признаваат дека таа е нивна муза. Белучи е и заштитно лице на новата колекција кармини од линијата „Dolce&Gabbana Classic Cream“.
Во неодамнешно интервју за „The Independent“, Моника открила дел од своите размислувања за шминката и женственоста. „Доаѓам од семејство каде жените се силни, но исто така и многу женствени. Понекогаш кога мислиме на женственоста, мислиме на кревкост. Но, јас сметам дека можеш да бидеш и женствена и силна. Мислам дека шминката оди рака под рака со таа женственост. Шминкањето е природно за жените и го прават повеќе за себе отколку за другите. Се сеќавам кога имав 14 години и сакав да бидам возрасна жена, ја обожавав шминката. Кога ставам шминка, прво и основно тоа е за мене“ – рекла таа.