Селма Хајек ја понесе со себе ќеркичката Валентина на премиерата на својот најнов филмски проект „The Prophet“.
На филмското прикажување во Лос Анџелес, 48-годишната актерка се појави во црн фустан од брендот Баленсијага кој дискретно го разголуваше нејзиното деколте. Стилскиот избор Хајек го надополни со сандали од модната куќа Гучи.








Валентина е единственото дете на Селма Хајек и нејзиниот сопруг Франсоа-Анри Пино.

На премиерата присуствуваше и Ева Лонгорија. Славната актерка зачекори на црвениот тепих во фустан во кралско сина боја кој ги оцртуваше нејзините облини.





Анимираниот филм „The Prophet“ е режиран од режисерот на „The Lion King“, Роџер Алерс.