Елегантната и софистицирана пејачка Селин Дион направи неочекувана секси и откачена фотосесија за списанието „V“. За своите 44 години, гласовитата музичката ѕвезда изгледа одлично и со новите разголени фотографии покажа дека не е срамежлива пред објективите.
Многу нејзини обожаватели се изненадени што ја гледаат Селин во вакво издание, но таа вели дека ѝ е драго што го направила тоа затоа што е нешто поразлично и откачено. „Малку се плашев затоа што ова е толку ново за мене, но ми е мило што го направив. Обично секогаш има причина за фотосесиите кои ги правам, нема можност да направиш нешто лудо“ – изјавила таа.
Селин досега има продадено над 200 милиони албуми низ цел свет, има добиено 5 Греми награди и зад себе има оставено бројни хитови. Својот успех таа вели дека се должи на тоа што е отворена со своите обожаватели и што е иста на сцената каква што е и зад „завесите“.
„Цел мој живот сум била отворена книга и сметам дека затоа луѓето ме сакаат... За мене, да кажам некому дека мојот сопруг има рак, дека се мачиме да имаме деца или да се отворам за каков било друг проблем, зборувањето за мојот живот им дозволува на луѓето да ја запознаат вистинската јас“ – изјавила Дион во интервју за списанието.
Селин, која во моментов настапува во Лас Вегас, признала и дека ја обожава Адел, па затоа во своето шоу вклучува и песни од талентираната британска пејачка. „Сметам дека целиот нејзин имиџ е добар. Многу софистицирана за нејзината возраст: ноктите, фустаните, косата, големината и нејзините таленти како текстописец и пејач. Таа е целосен пакет. Каква што е ќе им помогне на новите генерации девојки да се прифатат себеси. Посакувам да го пеев целиот нејзин албум“ – споделила таа.