Иако новогодишните празници сè уште се некако далеку, Шерил Кол со новиот календар нè тера да размислуваме за наредната година.
Убавата 29-годишна Британка е бестрашна и секси на секоја фотографија од нејзиниот официјален календар за 2013. Колоритните комбинации на облека и шминка ги прават фотографиите примамливи за окото, додека сексапилните пози на познатата пејачка сигурно ќе го задржат вниманието на мажите.