Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Сексапилната Шакира за „Glamour“

ФОТО: Сексапилната Шакира за „Glamour“

Шакира планира големо враќање под светлата на рефлекторите. 36-годишната ѕвезда наскоро ќе го објави својот нов албум, а и ќе се врати во жирито на шоуто „The Voice“.

Сексапилната Колумбијка го краси февруарското издание на „Glamour“. За корицата на списанието, Шакира позираше во црно-бел фустан од Александар Воте пред објективот на Николас Мур.

Шакира

Во интервјуто за списанието славната пејачка зборувала за притисокот да биде слаба, за соработката со Ријана, за хуманитарната работа и за досегашниот успех.

Шакира, која го роди синчето Милан пред една година, објаснила дека не сака да биде преслаба и дека за тоа ја има поддршката од својот сакан. „Мојот маж, Жерар, преферира месо пред коски. Не сака да сум преслаба. Тоа го трга притисокот. И без тоа имам многу други грижи. Овој месец не вежбам, бидејќи морам да го завршам албумот, а имам и бебе“ – рекла таа.

Шакира

Освен што се занимава со музика, Шакира долги години е посветена на хуманитарни активности поврзани со образование за деца од сиромашни семејства. „Тоа што пораснав во земја во развој ми ги отвори очите за многу нешта кои не можам да ги толерирам. Во Колумбија образованието понекогаш се смета за луксуз, а не за човечко право. Чувствувам должност да го искористам гласот и платформата која ми ја даде славата за да зборувам во името на оние чии гласови нема шанси да бидат слушнати“ – рекла таа.

Шакира Шакира

Денес Шакира е светска ѕвезда, но вели дека успехот не дошол преку ноќ. „Успехот кај мене доаѓаше малку по малку. Го вкусував вкусот на успехот во мали дози“ – објаснила таа.

Коментирајќи ја соработката со Ријана, Шакира изјавила: „Работењето со неа беше утопија. Таа е најсексапилната жена на планетава. На крајот на краиштата, и двете сме девојки од Карибите. Хемијата помеѓу нас беше многу добра и многу реална. Таа ме научи нови танцувачки движења.“

Шакира и Ријана ќе ја објават песната „Can't Remember to Forget You“ на 13 јануари.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19051 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.