Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Свечено отворање на фестивалот на класична музика „Интерфест“ во Битола

ФОТО: Свечено отворање на фестивалот на класична музика „Интерфест“ во Битола

И официјално започна 32-рото издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ во Битола.

На свеченото отворање, во полната сала на Народниот театар гостуваше Македонската опера и балет со операта „Рита“ на Гаетано Доницети. Главните улоги ги имаа Ана Ројдева, Јане Дунимаглоски, Невен Силјановски и Борко Биџовски, а диригент беше Иван Еминовиќ.

Интерфест Интерфест

На гостите им се обрати уметничката директорка Милица Шперовиќ-Рибарски, која го основа Фестивалот во 1992 година, а краток говор одржа и битолскиот градоначалник Тони Коњановски.

Во програмата на Фестивалот се предвидени повеќе настани со гости од редица земји како Шпанија, Италија, Португалија, Украина и Австрија, а на 11 октомври Казухиро Котецу од Јапонија заедно со Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect ќе изведе оперски арии и македонски народни песни. Исто така, ќе се одржи поетска вечер 100 Години Ацо Шопов и ликовна изложба на Драган Анѓелковиќ и Слободан Вигњевиќ.

Фестивалот, кој е поддржан од Министерството за култура и Општина Битола, а чии спонзори се и г-ѓа Фанија Мемца, бутикот „Ермитаж“ и млекара „Здравје“, ќе трае до 12 октомври.

Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23092 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.