Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу одушеви со македонски песни во Битола

Јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу одушеви со македонски песни во Битола

Казухиро Котецу ја освои македонската публика од далечната Јапонија со изведби на наши песни. Неговите видеа наидуваа на бурни аплаузи, а вчера имавме можност да ги чуеме во живо забавните интерпретации.

Јапонскиот оперски солист запеа во рамките на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ во Битола. Неговиот глас одекна во преполната сала во Центарот за култура и присутните со полни срца го наградуваа за ентузијазамот и талентот со забрзано ракоплескање.

Во придружба на Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect, под диригентска палка на Владимир Димовски, гостинот од Токио ги нижеше „Македонско девојче“, „Ако умрам ил загинам“, „Ако одам во Битола“...

Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест

Видео од изведбата на „Македонско девојче“

На настанот свое обраќање имаше уметничката директорка на Фестивалот Милица Шперовиќ-Рибарски, а меѓу присутните беа јапонскиот амбасадор Оцука Казуја, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, градоначалникот Тони Коњановски и директорката на Центарот за култура Маја Андоновска Илијевски.

Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест Интерфест

32-рото издание на „Интерфест“ привлече гости од повеќе земји како Шпанија, Италија, Португалија, Украина и Австрија. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и Општина Битола, а спонзори се и г-ѓа Фанија Мемца, бутикот „Ермитаж“ и млекара „Здравје“.

Фотографии: Ивона Кочов / Femina.mk

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23083 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.