Ријана ја зголеми својата колекција тетоважи со нов траен „цртеж“ на телото – божицата Изида. 24-годишната музичка ѕвезда ја објави фотографијата со новата тетоважа на Twitter и објасни дека си ја направила во спомен на својата сакана баба Доли која почина неодамна.
„Божицата Изида – Комплетна жена – Модел за идните генерации - #grangrandolly – секогаш во и на моето срце #1love“ – напиша таа.
Ријана и нејзината баба, која пред помалку од три месеци ја загуби битката со ракот, беа многу блиски и по нејзината смрт Ријана редовно објавуваше тажни пораки и фотографии во нејзина чест.
Тетоважите не се новост за Ријана, но ова е веројатно најголемата нејзина тетоважа досега. Погледнете што уште си има истетовирано таа во текот на годините: