Ријана со сериозен поглед и стил инспириран од 90-тите години позираше за британското списание „i-D“.
Паоло Роверси ја фотографираше 26-годишната ѕвезда за изданието посветено на музиката.
„Таа навистина е една од најкреативните, најталентираните и најинспиративните жени со кои сум имал задоволство да работам. Енергијата и ентузијазмот кои ги поседува се многу силни. Таа е ултимативната икона на нашето време“ – вели за Ријана модниот директор на „i-D“ Алистер МекКим.
Наскоро Ријана ќе го објави својот осми студиски албум „R8“, па не е изненадување што токму таа беше поканета да ја краси корицата на списанието.
„FourFiveSeconds“ е првата објавена песна од „R8“. За неа, Ријана соработуваше со Кание Вест и легендарниот Пол Макартни.