Ријана влезе во улога на секси авијатичарка во едиторијал за „Harper’s Bazaar“. 28-годишната музичка ѕвезда заведуваше пред објективот на фотографот Маријано Виванко по повод 150-годишнината од постоењето на списанието.
Фотосесијата беше направена во чест Амелија Ерхарт, првата пилотка која леташе сама преку Атлантскиот Океан.
Армани, Диор, Ралф Лорен, Салваторе Ферагамо, Стела Мекартни и Живанши спаѓаат меѓу брендовите чии креации носи Ријана за едиторијалот.


„Има нешто толку специјално кај жена која доминира во машки свет. Потребна е грациозност, сила, интелигенција, бестрашност и храброст никогаш да не прифаќаш НЕ за одговор“ – изјавила Ријана и додала дека ѝ се восхитува на Амелија Ерхарт и ја смета за динамична сила во авионската индустрија.







