Ријана краде погледи во впечатливи дизајнерски креации на забавите по повод 56. издание на Греми.
25-годишната музичка ѕвезда присуствуваше на забавата на Roc Nation, компанијата чиј основач е и Џеј Зи. Со креација од Altuzarra, Ријана привлекуваше внимание на музичката забава во приватен имот во Лос Анџелес.
Ѕвездата од Барбадос се појави и на традиционалната забава на Клајв Дејвис. За таа прилика, Ријана избра жолт фустан од пролетната колекција на Александар Воте. Златните обувки од Кристијан Лобутин го комплетираа модниот избор на славната пејачка.
Ријана минатата година на Греми се појави во црвен фустан од дизајнерот Азедин Алаја.