Списанието „Complex“ направи не една, туку седум корици за своето најново издание и на сите нив главна ѕвезда е Ријана. Седумте насловни страници се во чест на седмиот музички албум на Ријана „Unapologetic“.
За фотосесијата 24-годишната пејачка позираше по минимална облека и во провокативни пози, истакнувајќи го својот сексапил.
Во интервјуто за списанието, Ријана објаснила зошто редовно објавува на Instagram фотографии од себе кои сама ги фотографира. „Нарцисоидно е, но сеедно – сите го прават. Јас уловувам карактер... Секој има нешто што го сака и нешто што не сака да го гледа. Сè е во главата. Луѓето сами се фотографираат, затоа што е тешко некој друг да го улови тоа што ти го бараш“ – изјавила таа.
За време на интервјуто Ријана вешто ја избегнала темата за Крис Браун и одбила да каже дали е во врска со него.