Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Ријана по третпат за „Вог“

ФОТО: Ријана по третпат за „Вог“

„Немало досега никој како неа и нема да има“ – со оваа порака од „Вог“ го најавија новиот едиторијал на Ријана. Музичката ѕвезда по третпат ја краси корицата на модната библија.

За фотосесијата, која е дело на Дејвид Симс, Ријана позираше во креации на Сен Лоран, Живанши, Александар Ванг, Родарте, Александар МекКвин, Том Форд, Версаче и Мејсон Мартин Марџела.

Ријана Ријана Ријана Ријана Ријана Ријана

Нарекувајќи ја највозбудлива муза во модата, уредниците пренесоа неколку изјави од славни дизајнери кои се инспирирани од стилот на Ријана.

„Таа може да нафрли комбинации кои не би успеале да си замислите дека може да ги носи некој друг и да изгледа одлично“ – коментирал Том Форд. „Не постои некој друг што ме возбудува повеќе од неа“ – рекол Александар Ванг.

Ријана Ријана Ријана Ријана

Во интервјуто за списанието, познатата пејачка признала дека сè уште не може да се привикне на славата. „Го обожавам пеењето. Го обожавам и тоа не ми е како обврска. Тоа е начин на изразување. Никогаш не сакав да сум славна. Само сакав мојата музика да се слуша низ целиот свет. Тогаш тоа и се случи и дојде и славата. Не можам ни да си замислам дека некогаш би се навикнала“ – изјавила таа.

Кога станува збор за пеењето, Ријана е свесна дека има поталентирани пејачки од неа и смета дека привлекува обожаватели поради нејзиниот стил и нејзиниот карактер. „Не е сè поради мојот глас. Има многу поталентирани луѓе кога станува збор за пеењето. Поголеми гласови. Но, публиката сака да знае кој си ти. Модата е јасен показател, начин да го изразиш твојот став, твоето расположение“ – рекла таа.

Ријана деновиве е во расположение за славење. За два дена таа ќе наполни 26 години, но веќе започна со роденденските забави. Пред два дена таа беше фотографирана додека се упатуваше на вечера во омилениот ресторан во Лос Анџелес.

Ријана Ријана

Се разбира, Ријана не заборави да објави на Instagram фотографии од својата модна комбинација за вечерта.

Ријана РијанаРијана на шопинг во Лос Анџелес Ријана

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19041 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.