Ријана го создаде својот нов парфем. 28-годишната пејачка е занесна убавица на рекламните фотографии на кои позира во две сини креации и со розова шминка.
Парфемот „Kiss“ беше пуштен во продажба пред неколку дена.


На Instagram, Ријана сподели видео од снимањето на фотосесијата, како и видео во кое нејзината внука ѝ помага да го избере шишенцето за парфемот.
Музичката ѕвезда од Барбадос веќе има осум други парфеми, и тоа „Crush“, „RiRi“, „Reb’l Fleur“, „Rebelle“, „Nude“, „Rogue“, „Rogue Man“ и „Rogue Love“.








