Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Ријана е страстен пушач во фотосесија на Тери Ричардсон

ФОТО: Ријана е страстен пушач во фотосесија на Тери Ричардсон

Ријана ужива во пушењето пред објективот на славниот фотограф Тери Ричардсон. 24-годишната пејачка не ја остава цигарата на фотографиите кои се дел од фотосесијата за „Rolling Stone“, но не се најдоа во најновото издание на списанието.

Ријана Ријана

Во интервју за познатото списание, Ријана открила дека е во врска со Крис Браун и со голема увереност зборувала дека нема да се повтори инцидентот кој ги раздели пред неколку години.

И покрај негативните реакции од јавноста, таа решила да ја стави сопствената среќа на прво место. „Решив дека е поважно јас да бидам среќна. Нема да дозволам нечие мислење да ми се испречи на патот. Дури и ако ова е грешка, тоа е моја грешка“ – изјавила таа.

Ријана Ријана

„Кога ќе ги споиш парчињата однадвор, тоа не е најслатката сложувалка на светот. Нè гледаш како одиме некаде, се возиме некаде, во студио, во клуб и си мислиш дека знаеш сè. Но, сега е поинаку. Немаме такви расправии повеќе. Разговараме за различни нешта. Се цениме еден со друг. Знаеме што точно сакаме и не сакаме да го изгубиме тоа“ – објаснила таа.

Ријана Ријана Ријана

Ријана открила и дека е сигурна дека Браун нема повторно да биде насилен кон неа. „Тој не може да си го дозволи луксузот да направи грешка уште еднаш. Тоа не е опција. Не велам дека нешто друго нема да тргне наопаку. Но, многу сум сигурна дека тој чувствува одвратност кон тоа што го направи. Јас не би одела дотука ако мислев дека постои шанса за такво нешто. Тој направи грешка и плати за тоа. Плати многу. Знам дека тоа не е место каде што би сакал да се врати. Понекогаш луѓето имаат потреба од поддршка и охрабрување, наместо исмејување, критицизам и навредување“ – рекла таа.

Ријана Ријана Ријана Ријана и Тери РичардсонРијана и Тери Ричардсон Ријана на насловната на „Rolling Stone“Ријана на насловната на „Rolling Stone“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19084 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.