Ријана е ѕвездата од мрачен едиторијал за списанието „032c“. Без насмевка на лицето 25-годишната пејачка застана пред објективот на дуото Инез ван Ламсверде и Винуд Матадин за зимското издание на германското списание за уметност, мода и политика.
Драматична шминка и масивен накит се највпечатливите елементи на стилот осмислен од Мел Отенберг.