За Ријана летото не завршува. Додека го обиколува светот во рамките на турнејата „Diamonds“, славната пејачка ги користи паузите за да ужива на топли и егзотични локации. Последната дестинација на Ријана е нејзиниот роден Барбадос.
25-годишната ѕвезда беше фотографирана на плажа каде се забавуваше со свои пријатели, се дружеше со фанови и позираше за импровизирана фотосесија.
Ријана го искористи престојот на Барбадос и за зближување со семејството. Пред два дена таа објави фотографии од забавата која ја организираше по повод 85. роденден на својот дедо.