Разголувањето не е новост кога се работи за Ријана, па малку фанови ќе останат изненадени од нејзинот последен моден избор.
24-годишната пејачка била фотографирана пред ноќен клуб во проѕирен краток фустан. Блицовите на папараците ја „разголија“ Ријана и го направија видливо отсуството на градник.
Ријана се забавувала заедно со пријатели во паузата од подготовките за новата светска турнеја.
Во последниве неколку месеци Ријана постојано е мета на медиумите поради контроверзното однесување. Изминатиов период таа неколку пати има објавено фотографии на кои се гледа како пуши „сомнителни“ цигари. Освен тоа, Ријана привлекува критики и за обновената врска со Крис Браун.