Селин Дион беше сведок на предлог за брак, а реакцијата измами многу насмевки низ целиот свет.
Нејзината средба со двајца фанови се претвори во свршувачка, па изненадената музичка ѕвезда со ококорени очи го проследи неочекуваниот момент.


Ник Јаневски клекна на едно колено и ја побара за жена својата сакана Остин МекМилан. „Селин беше шокирана и јас бев шокирана. Таа беше супер слатка и ни посака долг и среќен брак каков што таа имаше со нејзиниот сопруг, а потоа самата се покани на свадбата“ – изјавила среќната девојка.






Парот се сврши непосредно пред еден од концертите на Селин во Лас Вегас.