Џесика Алба привлекува од страниците на американското списание „C“. Фокусот на фотосесијата е поставен на лицето на убавата актерка.
Идејата на списанието е да го прикаже калифорнискиот стил на живот преку убави фотографии. Па, 32-годишната мајка на две девојчиња, која ја основа компанија „The Honest Company“ во Санта Моника, е логичен избор за септемвриското издание кое во преден план ги става и модните трендови за следната сезона.
Алба наскоро ќе започне да го промовира својот најнов филм „Machete Kills“, во режија на Роберт Родригез.