Денес беше изложен првиот портрет на Кетрин, војвотката од Кембриџ. Сликата од убавата сопруга на принцот Вилијам беше изложена во Националната галерија за портрети во Лондон.
Кетрин и Вилијам беа меѓу првите посетители на галеријата по изложувањето на портретот. „Сметам дека е брилијантен“, изјавила Кетрин, додека Вилијам го оценил како „апсолутно прекрасен“.
Портретот е дело на Пол Емзли, кој ја насликал Кетрин користејќи фотографии што ги направил за време на две средби со неа. Искусниот сликар работел на портретот шест месеци.
Иако Кетрин и Вилијам се задоволни од резултатот, изложувањето на портретот предизвика многу негативни критики. Многу експерти не штедеа зборови критикувајќи го делото на Пол, притоа споменувајќи дека освен што портретот е предвидлив, на него Кетрин изгледа како да е многу повозрасна.
Погледнете ги Кетрин и Вилијам за време на нивната посета на галеријата:
А еве како Пол Емзли го опишува процесот на создавање на сликата: