Пинк имаше слатка придружба на премиерата на новото филмско остварување на Дизни-Пиксар „Inside Out“.
Музичката ѕвезда чекореше на виолетовиот тепих со својата 4-годишна ќерка и не може да не се забележи нивната физичка сличност. Малата Вилоу Сејџ Харт срамежливо позираше пред фоторепортерите и се забавуваше со главните ликови во анимираниот филм.
Славната пејачка и нејзиниот сопруг Кери Харт станаа родители на 2 јуни 2011 година. „Цело време ги слушаш луѓето како велат дека животот ќе ти се промени. Но, ни малку не можеш да осетиш колку е убаво, сè додека не имаш дете“ – изјави Пинк за мајчинството.