Врската на Перо Антиќ и Сања Ристиќ станува сè посериозна и посериозна.
Македонскиот пар, кој периодов ќе ја прослави првата годишнина, уживаше на одмор во Анталија, Турција.
Вљубените партнери споделија фотографии од летните авантури и посетата на аквариумот во Анталија.
Перо го придружуваа два од трите сина од бракот со Ружица Максимовска, додека Сања беше со нејзините синчиња кои ги има со поранешниот сопруг – ракометарот Дејан Пецаковски.