Пинк ја покажува својата откачена страна на насловната страница на списанието Glamour. За корицата на јунското издание, 33-годишната ѕвезда позираше во фустан на Дона Каран.
Во интервју за списанието, познатата пејачка зборувала за сопругот Кери Харт, ќеркичката Вилоу и мајчинството.
За односите со Кери Харт: „Дали некогаш сè е во ред? Не верувам дека тоа постои. Потешко е да бидеш во брак отколку да скокаш од една врска во друга. Ние сме добри затоа што комуницираме и затоа што израснавме заедно, а не затоа што не се расправаме.“
За најлошиот момент како мајка: „Тоа беше кога бев на музичкиот фестивал iHeartRadio во Лас Вегас. Јас и Вилоу бевме кај базенот и ја носев да поспие. Таа одеше пред мене. Се сопна и падна и доби потрес на мозокот. Се онесвести. Имаше една година. Тоа беше најлошиот момент во мојот живот. И што ти велат: Децата паѓаат. Добредојде во родителството.“
За заштитничкиот однос кон малата Вилоу: „Секој пат кога ќе скокне на креветот, јас гледам конци.“