На Оливија Вајлд и Џејсон Судејкис им се роди второ дете. 32-годишната актерка ја донесе на овој свет ќеркичката Дејзи Жозефин.
Холивудската актерка ја сподели првата фотографија од слаткото бебенце на својот профил на Instagram.
„Родена како шеф на Меѓународниот ден на девојчето“ – пишува во описот на фотографијата, што открива дека Вајлд се породи на 11 октомври.

Оливија и Џејсон ја започнаа својата врска во ноември 2011 година, а се верија во јануари 2013 година. Парот има уште едно дете – двегодишното синче Отис.







