Една недела по породувањето, Оливија Вајлд ја поведе со себе на прошетка новородената ќеркичка Дејзи Жозефин Судејкис.
32-годишната актерка го носеше малото бебе во кенгур додека чекореше низ улиците на Њујорк облечена во лежерно издание. Претходно, Оливија беше фотографирана со својот сопруг.









Оливија објави дека го роди своето второ дете пред два дена на Instagram, каде ја сподели и првата фотографија од бебето. „Родена како шеф на Меѓународниот ден на девојчето“ – напиша таа во описот на фотографијата, со што сподели дека се породи на 11 октомври.

Оливија и Џејсон ја започнаа својата врска во ноември 2011 година, а се свршија во јануари 2013 година. Тие имаат и двегодишно синче.