За Бритни Спирс прославата не завршува. Бритни, која неодамна се врати од романтичниот одмор со Џејсон Травик организиран по повод нејзиниот роденден, го пренесе празничното расположение во својот дом.
29-годишната пејачка го украси својот мултимилионски имот во Кабласас со илјадници сијалички и различни божиќни декорации.
Иако многумина би се радувале да ја имаат Бритни за сосетка, некои од нејзините соседи воопшто не се воодушевени од празничните украси.
„Како цело изгледа многу лошо. Едно е да ставиш неколку сијалички за да ја одбележиш празничната сезона, но голем Дедо Мраз и ангели со труби на покривот е нешто сосема друго“ – изјавил незадоволен сосед.
Добро е да се види дека Бритни не е особено засегната од неодамнешните гласини за физичкото малтретирање од Џејсон Травик коишто во јавноста ги пласираше нејзиниот бивш сопруг Џејсон Александер.