Со огромна насмевка на лицата, Бритни и Џејсон синоќа го прославија неговиот роденден и нивната свршувачка.
30-годишната пејачка носеше светло розов фустан додека со гордост го покажуваше 3-каратниот дијамантски прстен од познатиот дизајнер на накит, Нил Лејн.
Бритни и Џејсон планирале во Лас Вегас да го прослават само неговиот 40-ти роденден, но откако познатата пејачка ја прифатила неговата понуда за брак, направиле двојна прослава на три луксузни локации.
Врската на Џејсон и Бритни премина од професионална во љубовна во 2009 година, кога тој работеше како нејзин агент. Но, набрзо потоа тој отстапи од таа функција. Пред да ја запроси Бритни, Џејсон џентлменски ја побарал нејзината рака од татко ѝ, Џејми Спирс.