Бритни Спирс и Џејсон Травик одлучија да се разделат. Една година откако Бритни го прифати предлогот за брак на Џејсон, нејзиниот гласноговорник ја објави веста за разделбата.
„Бритни Спирс и Џејсон Травик се согласија да ја прекинат едногодишната свршувачка. Како две возрасни личности, тие донесоа тешка одлука да тргнат по различни патишта, но сепак да останат пријатели“ – соопштил претставник на Бритни.
Разделбата ја потврдила и самата поп ѕвезда. „Со Џејсон одлучивме да ја прекинеме свршувачката. Секогаш ќе го обожавам и ќе останеме добри пријатели“ – пишувало во нејзиното соопштение за јавноста.
Бритни и Џејсон беа во врска од 2009 година, а во декември 2011 година ја прославија својата свршувачка.
Според TMZ, основната причина за разделбата била желбата на Бритни да го прошири семејството. Анонимен извор близок до парот изјавил дека Бритни сакала уште деца, но Џејсон не се согласувал со таа идеја, иако премногу ги сакал синовите на Бритни.