Бритни Спирс е подготвена да го помине остатокот од својот живот со Џејсон Травик. Странските медиуми потврдуваат дека Бритни го прифатила предлогот за брак на Травик.
Блиски на познатиот пар тврдат дека и двајцата се екстремно среќни и возбудени. „Ова е нешто што двајцата го посакуваа долго време. Тие се превозбудени и со нетрпение очекуваат да станат маж и жена“ – изјавил анонимен извор за Us Weekly.
Бритни издвои малку време за да им навести на своите обожаватели на Facebook за свршувачката со пораката: „OMG. Синоќа Џејсон ме изненади со еден подарок што го посакував. Едвај чекам да ви го покажам! Толку многу сум возбудена!!!“.
Ова е месец на прослави за Бритни и Џејсон. Таа го прослави својот 30-ти, а тој својот 40-ти роденден, а како што е најавено, сега следува голема прослава за свршувачката во Лас Вегас.
Бритни и Џејсон ја започнаа врската во 2009 година.