Бритни Спирс и официјално има нов маж во својот живот. Популарната пејачка беше фотографирана со Дејвид Лукадо во Калифорнија.
Иако за нивната врска се зборува околу два месеца, ова е првпат Бритни и Дејвид отворено да покажат дека се повеќе од пријатели со држење за раце.
Бритни претходно беше во неколкугодишна врска со Џејсон Травик. Во јануари годинава парот објави дека ја раскинува свршувачката.