Новак Ѓоковиќ заедно со своето семејство моментално живее во Монте Карло, но тоа не го спречува да го проширува своето портфолио на недвижности.
Успешниот тенисер издвои дел од своето богатство за да може да ужива со своите најмили во луксузен апартман во Мајами, кој се состои од три спални соби, три бањи, пространа дневна соба и неверојатен поглед.
29-годишниот Србин изјавил дека смета дека тоа ќе биде совршено место за него и неговата сопруга. „Ме инспирираше неверојатното ниво на услугата, ексклузивниот пристап до паркот, внатрешната ботаничка градина и панорамскиот поглед и на копното и на морето. Сето тоа го обезбедува совршениот начин на живот за мене и за мојата сопруга Јелена“ – рекол Новак.



„Едноставно го обожавам дизајнот на оваа зграда“ – додал Ѓоковиќ.
Се шпекулира дека славниот пар го очекува своето второ дете, но тие сè уште го немаат потврдено тоа.
















Градбата ќе биде завршена во 2018 година.