Миранда Кер стана сопственичка на нов дом во Малибу. Имотот вклучува три спални соби и две бањи, како и џакузи, базен и мала гостинска куќичка.
Славната манекенка издвоила 2,15 милиони долари за имотот со поглед кон океанот.
Кер е една од најплатените модели во светот. Минатата година „Форбс“ објави дека нејзината заработка во период од година дена е 7,2 милиони долари.