Миранда Кер го продала својот стан во Њујорк за 1,3 милиони долари. Убавата манекенка објавила дека причината за продажбата е што сака поголем простор за своето семејство.
Елегантниот стан, кој се наоѓа на 10-ти кат, преминал во сопственост на Кер во 2006 година, кога го купила за нешто повеќе од милион долари.
29-годишната Австралијка за првпат го објавила станот за продажба пред две години.
Во последните неколку месеци се шпекулираше дека Миранда и Орландо Блум имаат брачни проблеми и дека се пред разделба. Но, нивните заеднички појавувања во јавноста, заедно со синчето Флин, се добар доказ за невистинитоста на гласините.