Голем дел од холивудските ѕвезди го чуваат приватниот живот на своите деца зад завеса, но Мила Јовович не е дел од нив.
Гордата мајка на две девојчиња често споделува фотографии од своите синооки принцези на социјалните мрежи и ги известува фановите за нивниот живот. На сликите, 13-месечната Дашиел Идан и 8-годишната Евер Габо среќно позираат пред камерата и ја покажуваат својата сестринска љубов. Многумина коментираат за сличноста меѓу Евер и Мила.







Пред неколку месеци, Јовович сподели и фотографии од крштевањето на малата Дашиел.



40-годишната актерка со црногорско потекло, чие вистинско име е Милица Богдановна Јовович, е во брак со режисерот Пол Андерсон од 2009 година. Парот се запозна во 2002 година на снимањето на филмот „Resident Evil“, а во 2007 година се роди нивната прва ќерка.




