Џон Бон Џови отсекогаш негувал имиџ на примерен рокер. Но, фотографиите кои деновиве кружат на интернет го покажуваат шармантниот пејач во малку поинакво светло.
На една од фотографиите, Бон Џови е прикажан со 4 полуголи девојки во кревет. Иако провокативната фотосесија се случила дури во 1985 година, по барање на Бон Џови фотографиите останале далеку од очите на јавноста... сè досега.
Фотографиите со Бон Џови се дел од книгата „Sex, Drugs And Bon Jovi“ на бившиот менаџер на групата, Рич Бозет. Тема на книгата се неговите доживувања додека патувал со бендот.
Рич во интервју за Mail Online изјавил дека по барање на Бон Џови ги проследил фотографиите неколку години откако биле сликани. Иако Бон Џови побарал од него да бидат уништени, тој ги зачувал и сега ги вклучил во неговата книга.