Ријана по вторпат се најде на корицата на американскиот „Вог“. 24-годишната музичка ѕвезда беше фотографирана од самата Ени Либовиц за ноемвриското издание на модната библија.
Како искусен модел, убавицата од Барбадос позира во креации на Валентино, Мајкл Корс, Диор и Марк Џејкобс.
„Ријана: Незапирливиот уметник“ – со тој наслов „Вог“ го претстави интервјуто со една од најпознатите пејачки во светот. Во интервјуто Ријана зборувала за динамичниот живот и кризата на љубовен план.
Таа признала дека поради честите патувања ѝ се случува да заборави во кој град се наоѓа. „Џен, мојата асистентка ме будеше едно утро, а јас ѝ реков: Во чија соба сум? Зошто сум во оваа соба“? – раскажала Ријана за случка во хотел во Токио.
Многу често главна тема на медиумите е љубовниот живот на Ријана. Љубовниот триаголник меѓу Ријана, Дрејк и Крис Браун, а потоа љубовниот триаголник меѓу Ријана, Каруше Трен и Крис Браун беа нашироко дискутирани. И додека многумина се убедени дека Ријана и Крис се во врска, таа во интервјуто вели дека е сингл и дека немала излезено со маж две години.
„Не сум била на љубовен состанок цела вечност. Околу две години. Немам излезено на кино, на вечера. Би сакала да одам на состанок. Што мислите? Јас сум жена. Млада жена, полна со живот и сакам да се забавувам. Има премногу вагини околу мене во моментов. Сериозно, сè што сакам е да излезам со момче и да ме смее еден час и да ме врати дома. Не мора ни да се качува кај мене. Сè што сакам е еден час разговор... Никој не ме кани. Верувајте ми. Го чекам мажот кој е доволно храбар да се справува со мене. Ќе чекам. Секогаш го пронаоѓаш погрешното ср*ње кога бараш“ – изјавила таа.
Пред неколку месеци името на Ријана беше поврзано со вест за тепачка помеѓу Дрејк и Крис Браун во ноќен клуб. На прашањето дали таа била причината за физичката пресметка, Ријана одговорила: „Јас не ни бев таму. Не беше поврзано со мене“.
Иако сака да се забавува, Ријана не ја запоставува својата кариера. Наредниот месец таа ќе го издаде најновиот албум „Unapologetic“.