Бруклин Бекам полека, но сигурно влегува во модната индустрија. Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам позираше за „Miss Vogue“ UK.
16-годишниот Англичанец беше фотографиран од Даниел Џексон за октомвриското издание на списанието.

Во интервјуто за списанието, Бруклин зборувал за плановите за својата идна кариера. „Сакам фудбал, но исто така, моја страст се фотографијата и филмот“ – рекол тој.
На прашањето чии модни совети ги прифаќа повеќе – на неговата мајка или татко, тој одговорил: „И на двајцата! Мајка ми знае многу за модата, но очигледно јас го слушам татко ми, бидејќи има одличен стил и ја делиме облеката.“

