Бруклин Бекам и Никола Пелц запливаа во брачните води, а нивната гламурозна свадба привлече огромно внимание.
Парот се венча на имотот на богатото семејство на Пелц во Палм Бич, а неколкудневната прослава вклучуваше и традиционална еврејска церемонија.
27-годишната актерка и 23-годишниот син на Викторија и Дејвид Бекам многу добро им се сокрија на папараците, па првите фотографии не ги откриваат нивните целосни стајлинзи. Познато е дека среќната невеста носеше невестински фустан од Валентино, дизајниран од Пјер Паоло Пичоли.
Бекамови изгледаа отмено заедно со трите деца – Ромео, Круз и Харпер.
Меѓу славните гости на прославата, која се проценува дека чинела околу 4 милиони евра, беа Ева Лонгорија, Серена и Венус Вилијамс и Гордон Ремзи со семејството.