Бруклин Бекам и Никола Пелц уживаат во Јужна Франција.
Брачниот пар не ги избегна папараците за време на романтична прошетка и вечера во Сен Тропе.
27-годишната актерка носеше долг цветен фустан и сандали на платформа, а беше опсипена со бакнежи од 23-годишниот син на Дејвид и Викторија Бекам.
Бруклин и Никола стапија во брак на почетокот на април, две години по свршувачката.