Симона Станковска во август беше избрана да ја претставува Македонија на натпреварот за убавина „Miss Globe 2013“.
Младата скопјанка веќе е во Албанија, каде се започнати подготовките за големото финале во кое ќе учествуваат девојки од целиот свет.
Активностите во рамките на „Miss Globe“ започнаа на 20 октомври. Во изминативе денови убавиците имаа можност да посетат некои од најпопуларните туристички места во Албанија, како и да се релаксираат на повеќе забави.
На фотографиите можеме да ја видиме нашата претставничка на вечерни забави, како гордо го носи македонското знаме и на бикини натпреварот.
Русинката Ела Шаламова ја понесе титулата „Мис бикини“.
Големото финале е закажано за 2 ноември во Драч.