Албанскиот град Драч беше домаќин на „Miss Globe 2013“. Синоќа беше крунисана новата победничка, Романката Бјанка Марија Падурару.
Титулата „прва придружничка“ ја доби Олга Портнова од Казахстан.
За втора придружничка беше избрана Клаудија Вишниовска од Полска.
Нашата претставничка, 18-годишната скопјанка Симона Станковска, влезе во десетте најдобри, а ѝ беше врачена и наградата „Мис елеганција“. Таа стана и прва придружничка на „Мис талент“ и прва придружничка на „Мис бикини“.